Илина Арсова прва Македонка која ги освои 7 врвови на 7 континенти

53

Не се сомневав дека ќе ја искачам планината зашто бев технички спремна, вели Илина Арсова, која на 27 декември лани, како дел од помала меѓународна експедија го освои масивот Винсон, висок 4892 метри, кој се наоѓа на Антарктикот.Со овој подвиг , таа стана прва жена од Македонија која ги освои сите 7 врвови на 7-те континенти, започнувајќи од 2011 година наваму, кога го искачи врвот на планината Аконкагва во Јужна Америка. Арсова која лани го освои и највисокиот врв во Австралија и Океанија, пред медиумите раскажа дека качувањето на Винсон поминало со непроспиени ноќи зашто било лето и постојано било ден. Но, температурите на отворено биле и до – 40 степени Целзиусови. А, предизвикот со студот го надминала со претходни подготовки.

Тие техники за дишење доста ми помогнаа. Исто така тренирав во Охридско езеро, пливав од март до ноември. Последното пливање во Охрид ми беше во номври, на 19 ноември. Мислам дека тоа малку ми ја подобри циркулацијата . И магичните лекови на мајка ми. Хомепатијата што ми ја даваше , исто така помогна за да воопшто , во ни еден момент, не ми биде студено, вели Арсова.
Антарктикот е најизолирано, сурово и студено место на планетата и затоа успехот на Арсова е многу вреден , рече претседателот на ФПСМ, Јовица Угриновски. Тој покрај Сашко Кедев-кој го реализира проектот 7 врвови на 7 континенти во 2010 година, исто така го има освоено Винсон. Агенцијата за млади и спорт преку програмата за подршка на жените, застана зад Арсова.

Ние ќе продолжиме и понатаму да ја подржуваме нејзината работа и проектите.
Илина Арсова која по професија е сликар, белините на Винсон, како што рече, ќе ги преточи во слики, а размислува и за нови освојувачки подвизи во Јужна Америка.