ИЛОН МАСК ОБВИНЕТ ЗА ПИРАМИДАЛНА ИЗМАМА Ако изгуби, не ќе може да ја исплати казната?

3

Тужба која може да го чини 258 милијарди долари, многу повеќе од неговите сегашни 193 милијарди во сефот, беше поднесена против најбогатиот човек во светот, Илон Маск од страна на инвеститор на криптовалутата Догекоин. Тужителот смета дека Маск намерно ја промовирал криптовалутата за да ја зголеми нејзината цена, за потоа да дозволи таа да падне. Со други зборови направил пирамидална измама, јавува Ројтерс.

„Обвинетите (Маск, Тесла и Спејс Икс) од 2019 беа свесни година дека Догекоин нема никаква вредност, но сè уште го промовираа за да профитираат од неговото тргување“, се вели во жалбата.

„Маск го искористи својот пиедестал како најбогат човек во светот за да работи и да манипулира со Догекоин пирамидалната шема за профит, изложеност и забава“.

Жалбата, исто така, ги цитира коментарите на Ворен Бафет, Бил Гејтс и други кои ја доведуваат во прашање вредноста на криптовалутата.

Компаниите Тесла, Спејс Икс и адвокатот на Маск не одговорија веднаш на барањата за коментар. Од страна на тужителот, извесниот Кит Џонсон исто така молчат. Од нив допрва се очекува да понудат конкретни докази за понзи-шемата.

Џонсон бара отштета од 86 милијарди долари, односно толку колку што валутата паднала на пазарот во мај 2021 година. Но, тој сака три пати по толку поради нанесената штета, што значи 258 милијарди долари. Богатството на Маск постојано паѓа годинава, а се проценува на 193 милијарди.

Тужителот, исто така, сака да ги оневозможи Маск и неговите компании да промовираат Догекоин и судијата да изјави дека тргувањето со Догекоин е коцкање според федералните и њујоршките закони.

Во жалбата се вели дека распродажбата на Догекоин започнала околу времето кога Маск го водеше шоуто на Eн-Би-Си, „Saturday Night Live“ и, глумејќи фиктивен финансиски експерт на сегментот „Weеkend Update“, го нарече Догекоин „метеж“ од криптовалута.

Догекоин во моментов чини 5,8 центи, а во мај лани се тргуваше за 74. Истата година, во февруари, компанијата Тесла објави дека купила 1,5 милијарди долари биткоин и дека на кратко ќе прифаќа купување на возила со дигитални пари со што ја потресе берзата на криптовалути.