Илон Маск сега е 100 милијарди долари побогат од Џеф Безос

15

Илон Маск го потврди статусот најбогат човек на светот додека неговата нето вредност продолжува вртоглаво да расте во однос на останатите најдобри заработувачи во 2022 година.

На најновата листа на „Форбс“, 50-годишниот мегамилијардер ја зголеми својата нето вредност на 282 милијарди долари, што е над 100 милијарди повеќе од основачот на „Амазон“ Џеф Безос.

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс икс“ теоретски би можел да го купи секој тим во четирите најголеми северноамерикански спортски лиги, пренесуваат медиумите, додавајќи дека тој е осамен на врвот на Форбсовата листа.

Маск е еден од најголемите заработувчи во ерата на пандемијата имајќи предвид дека на почетокот на 2020 година, неговото нето богатство изнесуваше 26.6 милијарди долари.

Во 2020 година, богатството на Маск порасна за над 110 милијарди долари, што е рекорд за секој во историјата на „Форбс“ откако почна да ги следи бројките.

Маск заработи уште 90 милијарди долари во 2021 година, откако го симна Безос од врвот на листата на богати на „Форбс“.

Новиот член на управниот одбор на „Твитер“ забележа врв на своето богатство од околу 340.4 милијарди долари кога акциите на „Тесла“ достигнаа рекордно високо ниво во ноември 2021 година.