Илузии на еден ентузијаст

24

Аделина МАРКУ

Вистина е дека овие денови ги уживаме правата, но стравувам дека немаме ресурси и капацитети да ги исполнуваме и ги поднесуваме нивните цели…“ – тоа беше разгледување на мојот пријател што ми ја провоцира мислата и се видов себеси дека ваквиот став го прифатив како сторено расудување. Иако не ми понуди статистика, иако не се повикувме на емпириски податоци, доволно ни беше да наброиме пет-шест активности што не предводеа и за кои сметавме дека не доволно имаме луѓе за да ги исполниме барањата на проектите со капитално значење за развојот на нашиот национален , економски и културен идентитет.

Неговото размислување ми ја отвори и дилемата за прашањето дали заминале најдобрите и останале најслабите на овие простори. За жал, мислата ми се затемни уште повеќе кога на неговата загриженост му ја додадов и дилемата дали ние што останавме на овие простори им припаѓаме на слабите или на ентузијастите? Инаку ако ја се сметам себе за ентузијаст, повторно иднината е недоволно исполнета од нас, што останавме да веруваме и да се надеваме во трансформирањето на општеството, која несомнено презеде поинаков контекст.

Што претставуваме и што носиме ние денеска?

Во моето детско сеќавање се зборуваше многу за ентузијазмот кој имаше заеднички именител, еден наратив:  – национална кауза! Овој наратив од мнозинството од нашата генерација им даде многу сила и не исполни со енергија! Додека денеска, наративот национална кауза се распадна, неговиот атом е бомбардиран, но и е издробен повеќе во индивидуални иницијативи, отколку во иницијативи што би исполнувале една линија во која би се собирала енергијата на почетниот атом! Меѓутоа, како ќе го разбереме во конкретниот случај националната кауза тука кај нас, но и во целото поднебје каде живееме?

Јас денеска оваа кауза ја разбирам во духот на развојот и праведното структурирање кон стабилен и суштински систем, во името на тоа што се однесува до упорноста кон почетната мисија а не само на основањето на иницијатива или организирање. Бегањето од органиката на почетната идеја, честопати носи асимилација и индоктринација. Колку е квалитативна оваа состојба и овој нов контекст во кој го векторизираме некогашниот ентузијазам? Колку нашите обврски кон себе и нашите деца се исполнети?И ако гледаме одозгора, универзитетите што ги немавме – сега ги имаме: економијата што ја немавме – сега ја допираме; раководителите на институциите што ги немавме – сега ги имаме, жените во трката што ги немавме – сега ги имаме, институциите што не ги создадовме – сега ги имаме дури со изобилство. Тогаш што ни недостасува и зошто повторно кај нас има нихилизам?

Вчерашните ентузијасти денеска се уште се живи, веќе не сме млади, родителите кои го раѓале ентузијазмот меѓу нас, сега се покојни, додека нашиот ентузијазам денеска доби контури на недоверба во мисијата и визијата за неговите навои. Дали не издржавме доволно? Не би рекла…но мојата вистина вели дека ентузијазмот денеска не се чувствува суштински, затоа што фазата во која преживуваме се вика латентно суштество! Во латентност, ентузијастот тоне! Латентноста случајно го држат во живот без ентузијазам, во ткивата на мислења и дејствувања, но сите тие кои се осмелиле повеќе од суштинскиот ентузијаста. Колку му чини добро на општеството, храброста на случајниот/случајната или наследството на стратегијата на ентузијастот? Оваа дилема ме наведува да мислам дека латентноста не го структурира општеството од горе, туку ја простира нашироко, ја прави мрзлива и не изискува пред неговата органика. И  во оваа фаза сме тука ние Албанците. Затоа размислувањето на мојот пријател на почетокот на текстот ми го разбуди мојата заспана грижа толку долго! Латентноста кај нас продираше како последица, а не како резултат, не како победничка стратегија, туку како последица на преголемата партизација на општеството во кое живееме, популизмот го замени развојот и недостатокот на знаењето кај поединецот кој го води проектот. Не би го заборавила тука и значајниот фактор што го запира иселувањето на ентузијастот и што тоа за миг се заменува со храброста на случајниот/случајната. Храброста на случајниот во водењето на институциите и во водењето на политиката, денеска се оценува повеќе од возраста / зрелоста на ентузијастот. За да ги чувствуваме нештата критички, најпрвин треба да ги кажуваме отворено. Впрочем, ентузијастот денеска е слабиот и непотребниот,  затоа што тој /таа не го прифаќа клиентелизмот како движечка сила на општеството, тоа што за мотив го прогласи случајниот! Така денеска почитувани/-на, произведуваме лидери на општествената латентност! Во латентна состојба, човекот го губи егзистенцијалното значење!

Гете, голем филозоф веројатно ја анализирал мојата загриженост денеска,  дури и во контекстот кога тој живеел, за да расудува на следен начин: „во областа на идеите се зависи од ентузијазмот, додека во реалноста се зависи од упорноста!“  Ентузијастот го инспирираат неговите големи идеи, идеи за идеалот на предците и како резултат на тоа визијата за иднината на децата!  Ентузијастот во тој контекст му изгледа повеќе романтичен, емотивен и со многу анализи пред преземањето на одговорноста, додека денешниот реалист е случаен/случајна, додека излегува храбар/ храбра, затоа што верува во силата, а не во моќта на групата што стои зад него! Силата ја дава ентузијазмот, моќта – латентноста! Групата зад случајниот/ случајната што го води е партијата, а не идејата!

Почитувани читатели/читателки, да ве оставам со отворената дилема – дали денеска нашите партии имаат ентузијазам за движечка сила или континуитет на латентноста? И додека ентузијазмот е во вирусна, хронична, постојана состојба, јас овие денови не го гледам, чувствувам и слушам – имам страв дека е потопен пред нашите очи, само за да го задржат во живот континуитетот на латентноста на политиката, а не ентузијастичката идеја за развојот, структурирањето на стабилен систем! И додека пред нас е следната политичка трка, многу малку ентузијасти гледам да се зафатат, искочат и веруваат во тоа … Затоа, новиот пост-изборен контекст ќе се изедначи повторно со политичката латентност. Првичниот страв на мојот пријател ми го запали алармот да го напишам овој текст, за да го поттикнам меѓу нас ентузијазмот на спасувањето на тоа што го започнавме и што треба да го развиваме, не да го конзервираме во рамките на латентноста на случајниот/ случајната, туку да се претвори во систем на вредности!

Дали знаете почитувани пријатели и пријателки дека човекот се прилагодува на латентноста….и затоа некогаш го губи значењето за себе? Таа состојба се нарекува акултурација…! Тоа е последица уште порано на тој денатурализиран атом!

 

 (Авторката е редовен колумнист на весникот  КОХА)