Илјадници верници во Виетлеем го прославија Бадник и Божиќ

22

Илјадници христијански верници синоќа се собраа во Витлеем каде што се родил Исус, по повод Бадник и прослава на Божик по Грегоријанскиот календар.

Во Црквата на раѓањето имало и палестински официјални лица, меѓу кои и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Полноќна миса служеше највисокиот католички свештеник на Блискиот исток, надбискупот Пјербатиста Пикабала. Тој зборуваше за насилството и длабоките поделби што ја карактеризираат Светата земја, но и ги пофали оние кои го следат она што го нарече „Стилот на Витлеем“ или примерот на Исус.

– Славењето на Божик значи и славење на оние кои и понатаму имаат желба да го сакаат човештвото и да се посветат на тоа. Овде во Светата земја, не само денеска, туку и секој ден во годината се уште има многу луѓе кои го слават Божик на Исусов начин, рече надбискупот.

Тој во вторникот дојде од Ерусалим во Витлеем оценувајќи дека времето е тешко, но и дека има причини за надеж.

– Гледаме во овој период слабост на политиката, огромни економски проблеми, невработеност, тешкотии во семејствата, рече надбискупот и додаде дека сепак посетува семејства и заедници и гледа дека постои многу посветеност за иднината.