Има најмалку 80 американски жртви во ракетните напади, тврдат иранските државни медиуми

6

Според првичните процени, нападите се чини дека биле прецизно изведени за да се избегнат американски жртви – нападнати се бази што веќе беа во состојба на голема готовност.

Иранскиот министер за надворешни работи рече дека нападите се завршени и ги окарактеризира како самоодбрана во рамките на меѓународното право – а не како први куршуми во војна.

Трамп во првите коментари по нападите, исто така, се обиде да им го минимизира нивното значење.

Доколку се покаже точна Трамповата процена на штетата, денешните напади може да бидат можност за обете страни да ја спуштат топката без да го загубат угледот, вели Гардијан. Иран ќе може да каже дека извршил жестока одмазда за смртта на Сулејмани и да се сврти кон во прокси-војувањето – со кое се чувствува поудобно, против многу помоќниот противник – и кон дипломатскиот притисок да ги исфрли американските сили од Ирак.

САД, исто така, можат да се повлечат, заклучувајќи дека одмаздата нема значајни последици. Ова е најдоброто сценарио, но тоа се потпира на две ризични претпоставки: дека повеќе од десетина ракети удрија во бази во кои беа сместени американски воени лица без значителни штети или жртви; и дека Белата куќа ќе му се спротивстави на секој свој порив да одговори.