Индијана ги сопре залетаните Џејмс и Лејкерс (ВИДЕО)

4

Индијана го сопре залетаниот Лос Анџелес Лејкерс со Леброн Џејмс синоќа, па му го нанесе четвртиот пораз сезонава, после триумфот со 105-102 благодарение на извонредниот настап на Домантас Сабонис.

Сабонис со 26 поени и 10 скока, меѓу кои и две слободни фрлања во финишот, откако Џејм промаши шут за тројка на 11 секунди пред крајот беа клучни за изнендувачката победа на Пејсерс против Лејкерси, кои беа без Ентони Дејвис на овој меч. Џејмс за малку не стигна до трипл-дабл, даде 20 поени со девет скока и исто толку асистенции, а Двајт Хауард погоди исто така 20 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=kXMNrYYa6Ko&feature=emb_title

ЛА Клиперс без проблеми го победија Феникс со 120-99 за да се вратат на победничкиот колосек после поразот во Чикаго, а Пол Џорџ со 24 поени беше предводник во тримфот, додека Каваи Ленард и Лу Вилијамс дадоа по 20 поени

Триумфи запишаа и Јута против Орландо со 109-102, Бруклин по продолженија против Њу Орлеанс со 108-101, а убедливо најкошгетерски меч беше триумфот на Њујорк против Атланта Хокс со 143-120, во меч на кој Никси го одиграа веројатно најдоброто полувреме постинувајчи 77 поени. Славеше и Шарлот против Сакраменто со 110-102