Институт за демократија: Во Собранието нема ни Д од дебата

36

Дебатата во Собранието не ја добива ни минималната потребна оценка (6.0) за да се именува како дебата, констатираат од Институтот за демократија во Извештајот од мониторингот од август до декември лани

На скала од 1 (најниска) до 10 (највисока), дебатата во Собранието за периодот од август до декември е оценета со 5.5, што е пониска во споредба со претходните периоди на набљудување, за кои оценката за нејзиниот квалитет беше од 6 до 6.3.

Дебатата во Собранието не ја добива ни минималната потребна оценка (6.0) за да се именува како дебата, констатираат од Институтот за демократија во Извештајот од мониторингот, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

„Извештајот го потврдува ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во последните две години и заклучокот дека постои значителен простор за подобрување“, оценуваат од Институтот за демократија.