Интер менува сопственик и станува најбогат клуб во светот!

53

Во новата 2022 година, тимот на Интер би требало да добие нов сопственик. Околу полноќ стигна вест од САД дека овој тим го менува сопственикот, и дека се ќе биде официјализирано во следните денови.

Интернешнл Бизнис Тајмс објави дека ПИФ (Инвестициски фонд од Саудиска Арабија) за милијарда долари ќе ги купи акциите на Интер, и ќе стане доминантен сопственик на тимот на „НероазуритЕ“.

ПИФ е еден од најголемите фондови кој управува со инвестиции вредни 400 милијарди долари во 13 различни сектори.

Познато е дека Интер има финансиски проблеми, односно компанијата Сунинг која од 2016 година ги контролира 70% од правата на клубот од Милано. Во сезоната 2020/21 е остварена загуба од 320 милиони, а во моментов секој месец се бележат загуби од 15 милиони долари.

Продадени беа Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими за 150 милиони евра, и се покрија дел од дупките, а не беше продолжена и соработката со Антонио Конте поради преголемата плата.

Со примопредавањето на Интер, тој ќе стане најбогатиот клуб во Светот пред Њукасл Јунајтед, додека Саудиска Арабија ќе стане еден од главните „играчи“ во светот на фудбалот рамо до рамо со Катар (ПСЖ) и Обединетите Арапски Емирати (Манчестер Сити).