Интер остана без најдобриот фудбалер за дуелите со Парма и Реал Мадрид!

28

Тренерот на Интер, Антонио Конте доби ужасни вести пред следните натпревари на италијанската екипа. Ромелу Лукаку вчера имал преглед, на кој се покажало дека ја повредил левата нога.

Најдобриот фудбалер на Интер ќе го пропушти мечот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, кој е од голема важност за италијанскиот тим и без Белгиецот сигурно ќе бидат ослабени.

Од почетокот на сезоната Лукаку постигна седум голови. Белгиецот ќе го пропушти и натпреварот во Серија А против Парма за викендот.