Инциденти на влезот од српското Собрание

13

Повеќе демонстранти кои учествуваа на вечерашниот опозициски протест „1 од 5 милиони“ во Белград, се пробија до влезната врата на српското Собрание на плоштадот „Никола Пашиќ“, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Притоа дошло до туркање меѓу демонстрантите и обезбедувањето, кога еден демонстрант се обиел да го скрши стаклото на влезните врати со јарбол од знаме, но бил спречен во намерата.

Меѓу демонстрантите пред вратите на Собранието бил и претседателот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ.

Во Белград вечерва се одружува уште еден протест „1 од 5 милиони“, прв во втората година откако започнаа протестите.

Протестите во Србија под овој слоган започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ.

Според нивната стратешка цел и организација, тие се индиректно продолжување на „протестите против диктатурата“ од 2017 година и се насочени против начинот на кој српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја спроведува власта.