Иран конечно се огласи за нападот на писателот Ружди: Тој и неговите фанови се виновни за тоа што му се случи

0

Никој нема за право да упатува обвинувања против Иран за нападот врз Салман Ружди, за кој се виновни самиот Ружди и неговите поддржувачи, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран, пренесува Ројтерс.

Писателот Ружди, кој со децении живее под закана откако уште во 1989 година ги разбесни свештеничките власти во Иран преку своето пишување, во моментов се опоравува откако беше избоден со нож на настан во Њујорк.

Во првата официјална реакција на Иран по нападот, портпаролот на министерството за надворешни работи, Насер Канани рече дека слободата на говор не ги оправдува навредите на Ружди против религијата. Неговиот роман „Сатански стихови“ од 1988 година, некои муслимани го сметаат за богохулије.

„За време на нападот врз Салман Ружди, ние не сметаме дека никој друг освен самиот тој и неговите поддржувачи се виновни за случајот“, рече Канани на брифингот со новинарите. „Никој нема право да го обвинува Иран во овој поглед“.