Ирачкиот парламент одобри нов изборен закон

17

Ирачкиот парламент одобри нов изборен закон кој има за цел на непартиските кандидати за пратеници да им овозможи подобри шанси за освојување мандати во парламентот. Со новиот закон секоја од 18 провинции во земјата ќе се смени во неколку изборни единици во кои на 100.000 луѓе ќе се избира по еден пратеник.

Со тоа партиите ќе бидат спречени да се кандидираат на обединети листи што им помагаше лесно да ги освојат сите места во една провинција. Наместо тоа, местата ќе им припаднат на оние што добиле најмногу гласови во изборните единици