ИРЛ: По градежниот бизнис, МПЦ се вклучува и во бизнисот со струја

53

По градежниот бизнис, Македонската православна црква се вклучува и во бизнисот со струја. МПЦ заедно со уште четворица партнери на 25 ноември основале компанија за производство на електрична енергија, објави irl.mk.

Освен МПЦ, основачи на компанијата „Друштво за производство на елекрична енергија Хец Драгов дол коо Кичево“ се и Сретен Миладиновски, Александра Аврамовска, Слободан Јовески и фирмата „Мелничко пекарска индустрија Жито Караорман АД Кичево“.

Митрополитот Тимотеј на Дебарско – кичевската епархија за ИРЛ вели дека одлучиле да вложат во изградба на мала хидроцентрала.

„Планирано е хидроцентралата да се гради на реката Треска, но идејата се уште е во зародиш. Кај нас често се случува некои работи да се започнат, но не секогаш се завршуваат. Се надевам дека оваа идеја ќе се реализира“, вели Митрополитот Тимотеј за irl.mk.

Управата за јавни приходи лани во јануари најави дека истражува дали МПЦ – ОА работи законски, но досега нема никаков резултат од оваа истрага.

Текстот во целост на: irl.mk.