Исвиркани делегациите на претседателот Пендаровски и на Владата пред црквата Св.Спас

8

Група граѓани собрани пред црквата Св. Спас во Скопје, во која што се наоѓа гробот на Гоце Делчев, со свирежи и извици ги пречека и ги испрати официјалните делегации кои дојдоа да оддадат почит.

Насобраните граѓани со знамиња со сонцето од Вергина ја исвиркаа делегацијата предводена од претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и владината делегација во која беа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и вицепремиерот Артан Груби.