Иселувањето нѐ чини 333 милиони евра годишно

25

Од 2012 до 2016 година 115.000 луѓе ја напуштиле Северна Македонија, покажувамеѓународниот извештај за миграција од Организацијата за економска соработка иразвој.Најмногу граѓани од земјава заминале во 2015 година, дури 32,039, а најмалку во 2012 година, 17.886 граѓани. Над 60 отсто заминале во Германија, а помал процент во Швајцарија, Австрија, САД, Словенија, Шведска или во други земји. Северна Македонија инвестирала околу 502 милиони евра во образованието во 2018 година.

Образованието на лицата кои си заминуваат од земјава годишно нѐ чини од 116 милиони до 433 милиони евра.Годишниот БДП од иселувањето е во загуба од околу 333 милиони евраОд странство пак во Македонија се слеваат околу 200 милиони евра годишно.Ако на оваа сума се додадат странските пензии и плати на Македонците, цифратасе искачува на над 700 милиони евра. Околу 67 отсто од овие пари се трошат, 10 отсто се штедат, со 16 отсто се купуваат недвижнини, а само еден процент одат на инвестиции. (koha.mk)