ИСИС тврди дека лондонскиот напаѓач е нејзин

14

Терористичката група Исламска држава рече дека Судеш Аман, кој прободе две лица во Лондон пред да биде застрелан од полицијата, е еден од нејзините борци.

Во соопштение објавено од џихадистичката група преку нејзиниот медиум Амак се вели дека човекот одговорил на нејзиниот повик за напад врз цивили во нациите што се борат со ИСИС. Претходно други медиуми што се поврзани со ИСИС го славеа нападот од 18-годишниот маж, но не ја преземаа одговорноста за него. Не се дадени никакви докази за какви било негови поблиски врски со терористичката организација, освен неговата онлајн-поддршка за нивната геноцидна кауза.

Аман бил затворен во 2018 година за поседување и споделување терористичка пропаганда. Тој неодамна бил ослободен од затвор и останал на списокот на терористи што треба да се следат. Во неделата во лондонски Стретам тој прободе две лица. Трето лице е полесно повредено од стакло скршено од полицискиот оган.

ИСИС е позната по припишување „заслуги“ за напади од т.н. „осамени волци“, терористи за кои се претпоставува дека се инспирирани на насилство од нејзината пропаганда.