Исплата за второто тримесечје од Мој ДДВ во август

52

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци, а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Заклучно со месец јуни се заокружува второто тримесечје во кои граѓаните скенираа сметки за поврат на ДДВ. Според УЈП од април до јуни биле скенирани вкупно 41.650.814 фискални сметки за што е остварен поврат од 334.556.243 денари или 5.440.000 евра.

Повратот на 15% од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година .

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци, а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.