Исповед на продавачката која нокаутираше полицајка во Белград: „Морав да ја удрам, хранам 9 усти“

13

Не сакав проблеми, сакав да се тргнам, но ете, се случи. Полицајката ме бркаше, а сето тоа го гледаше моето болно дете. Ја удрив, не можев повеќе да трпам, рекла продавачката од пазарот во Белград за Курир.рс веднаш по излегувањето од притвор.

„Од продажбата на пазар хранам девет усти, го издржувам целото семејство. Полицајката се постави кон мене како да сум најголем криминалец, па не убив некој за да се однесува така. Ме удри, ме тегнеше и ме влечеше пред синот. Ми падна мрак пред очите и ја удрив“.

Со овие зборови ја запоќнала приказната 37-годишната Садира Дурмиси која се најде во центарот на вниманието откако после кратка расправија и одземање на куфер со алишта кои таа ги продавала, во неделата ја нокаутираше полицајката А.М. покрај пазарот Видиковац. Полицајката заврши во болница, а продоавачката беше уапсена.