Испукани ракети врз Израел, почнаа напади со „широки размери“ врз Газа (ВИДЕО)

23

Израелската војска соопшти дека почнала воздушни напади од „широки размери“ врз воени цели во Појасот Газа.

Како што наведуваат Израелските одбранбени сили (ИДФ), нападите се почнати откако палестински екстремисти испукале најмалку три проектили врз Израел, од кои два биле пресретнати.

Нема извештаи за жртви, ниту за штета од размената на оган која доаѓа среде зголемените тензии по објавувањето на американскиот „мировен план“ за Блискиот Исток кој Израелците го поздравија, а Палестинците го одбија.

Планот предвидува израелска анексија на сите еврејски населби во долината на реката Јордан, а на Палестинците им се нуди самоуправа во Газа, делови од Западниот брег и некои славо населени области на Израел во замена за исполнување долга листа услови.

Како одговор на предлогот палестинското екстремистичко движење Хамас најави дека „сите опции се на маса“, но малку е веројатно дека Палестинците сакаат војна со Израел, наведува Асошиејтед прес.