Истекува рокот на вториот Јавен повик на Град Скопје, ниту еден возач од „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ не се пријавил на повикот

10

 

Денеска истекува рокот за пријавување на вториот Јавен повик на Град Скопје за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12. Од „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“влеат дека ниту еден возач од кај нив не се пријавил на повикот.

Сите очи од страна на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ се вперени во премиерот Димитар Ковачевски, и чекаат средба.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ вели дека, исто како што било случај со првиот оглас за линиите 20 и 22, ниту еден од нивните возачи не е пријавен ниту во вториот оглас овие линии.

– Ниту еден од возачите на „Слобода превоз“ не се пријавил во новите повици на Град Скопје за приватни автобуски превозници. Сега чекаме средба со премиерот Димитар Ковачевски и се надеваме дека тоа ќе биде во најбрзо време, рече Муриќ.

И сопственикот на „Макекспрес превоз“, Милорад Димитријевски, вели дека според неговите сознанија ниту еден возач од нив не изразил интерес да се пријави во новиот оглас.