Истражување за вакцината на Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“: Ефикасна е 70 отсто, но е поефтина и полесна за транспорт и чување

7

Вакцината што ја разви Универзитот Оксфорд во соработка со компанијата „АстраЗенека“ е со ефикасност од 70 отсто кај лицата со развиени симптоми на ковид-19, покажа едно големо истражување.

И додека од една страна е добра вест, од друга страна е разочарување во споредба со вакцините на „Модерна“ и на „Фајзер“/„БајонТех“ кои се 95 отсто делотворни, наведува „Би-Би-Си“.

Но, како предности на оксфордската вакцината се посочлуваат нејзината ниска цена и што е полесна за транспорт и чување за разлика од конкурентските на „Модерна“ и на „Фајзер“/„БајонТех“ кои веќе отворија многу прашања и дилеми за производот што треба да обезбеди спасување на светот.

Владата на Велика Британија однапред нарача 100 милиони дози од вакцината, што ќе бидат доволни за имунизација на 50 милиони лица.

Во клиничките испитувања на вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ беа вклучени 20.000 волонтери, по пола од Велика Британија и од Бразил. Ковид-19 беше регистриран кај 30 лица кои примија две дози на вакцината и кај 101 кај луѓе кои примија плацебо.