Истражување: Имунитетот на луѓето кои што го прележале коронавирусот е речиси ист како и заштитата која ја даваат вакцините

23

Луѓето кои што го прележале коронавирусот имаат 91 отсто понизок ризик од зараза во наредните седум месеци, покажало истражувањето кое што било направено на Медицинскиот факултет во Австрија, а кое што било објавено во списанието „European Journal of Clinical Investigation“.

Тој период на имунитет е само малку пократок од оној кој ќе го овозможи вакцината „Фајзер“, за која што е утврдено дека има 95 отсто успешност во тоа. Тоа значи дека имунитетот е речиси ист.

Истражувањето проучувало како луѓето кои што биле заразени во првиот бран на инфекцијата, го поминале и вториот бран без повторно да се заразат.

Во споредба со останатото население во Австрија, тие имале значително појака отпорност на инфекцијата.

„Тие податоци покажуваат дека расте имунитетот на коронавирусот кај австриското население, иако сè уште не знаеме до која мера тој имунитет се однесува на разните мутации на коронавирусот или пак колку долго во мера трае заштитата од реинфекција во подолг период“, изјавил Франз Алерберг од Австриската агенција за здравје и сигурност на храна (Ages).

Потребно е да се направат понатамошни евалуации во текот на претстојниот период и анализи на податоци од останатите земји.

Резултатите се слични до оние до кои што дошле британските здравствени работници, кои што откриле дека речиси 90 отсто од заразените со коронавирус имаат антитела во својот организам шест месеци по инфекцијата.