Истражување на потеклото на коронавирусот: експертите на СЗО се сретнаа со кинеските колеги

12

Експертите од Светската здравствена организација што треба да го испитаат потеклото на коронавирусот во Вухан, денес се состанаа со своите кинески колеги и потоа ги продолжија своите истражувања на терен.

Холандската експертка за вируси Марион Копман, која е во тимот на СЗО, утрово објави на Твитер дека тимот имал состанок со кинеските епидемиолози, изразувајќи задоволство што состанокот бил во живо по долгите состаноци преку Зум.

Експертите на СЗО се сретнаа со Лианг Ванијан, кој е на чело на кинескиот епидемиолошки тим, пренесува АП.

Тимот на СЗО планира да ги посети местата во Вухан што се клучни за истрагата.

Тие вчера излегоа од 14-дневен карантин по пристигнувањето во Кина.

По првичната процена дека ковид-19 потекнува од пазар во Вухан, кинеските власти сега велат дека болеста е можеби увезена.