Истражување: Секоја четврта жена која работи во медиумите во Косово била сексуално нападната

2

Секоја четврта жена која работи во медиумите во Косово вели дека била сексуално вознемирувана или нападната на работа, пишува весникот „Коха диторе“, според истражување на „Мирна промена“ („Peaceful Change“) за „Жените во медиумите“.

Како што пренесува БТА, авторката на студијата, Дафина Халили, за програмата „60 минути“ на косовската национална телевизија КТВ изјави дека 27 отсто од анкетираните жени изјавиле дека биле сексуално нападнати.

Според неа, некои од овие жени дури и ја напуштиле работата поради оваа причина.

Во последните шест години во косовската полиција биле пријавени 225 случаи на сексуално насилство, а во последната година најмногу, односно 58, пишува албанското издание на Радио