Исчезнатото момче од Сплит видено во центарот на Белград? Камерите наводно го снимиле како влегува во такси

2

Исчезнатото момче од Сплит, 27 годишниот Матеј Периш кој последен пат бил виден ноќта меѓу четвртокот и петокот околу 2.30 часот како го напушта клубот во кој бил со пријателите, наводно бил виден во центарот на градот како бара такси.

Според неофицијални податоци на на дел од српските медиуми тој бил снимен на некои камери како се обидува да запре такси на една од улиците во строгиот центар на градот, иако се уште никој не може со сигурност да потврди дека се работи за него.

Таткото на Матеј како и неговите пријатели ги отфрлаат сомневањата дека Матеј се удавил со оглед на тоа што оградата во тој дел од шеталиштето кај Бетон сала е доста висока.

Како што јавија вчера репортерите на срспките медиуми , полицијата цел ден и ноќта ја пребарувала реката и од брегот и од два чамци. Неофицијално, се сомнева дека Матеј по излегувањето од клубот „Готик“ паднал преку оградата, а таму дошол бидејќи гужвата во тоалетот била голема, па излегол надвор.

Н1 неофицијално дознава дека Матеј бил снимен од камерите лоцирани на левата страна на клубот „Готик“, во близина на пристаништето за бродови. На десната страна на влезот на клубот се наоѓал брод што организира речни обиколки, односно обиколка на градот, поради што Матеј морал да помине покрај неколку локали.

Сакото му останало во локалот, носел само црна маица, панталони и црни патики со бел ѓон.

Неговиот татко Ненад Периш, кој вчера пристигна во Белград, исто така гиотфрла сомневањата дека неговиот син паднал и се удавил во реката

– Матеј тренираше ватерполо, беше исклучително силен тип, спортист, непушач… Мислам дека апсолутно неговата состојба и неговата состојба, познавање на пливање и вештини, не доаѓа предвид да падне во река и тоа би било околност што може да доведе до трагичен случај – изјави вчера Периш.