Италија: Бројот на смртни случаи од корона надмина 70 илјади

21

Во Италија 553 лица починаа од Ковид-19 во изминатите 24 часа, што значи дека вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата надмина 70.000, објави Министерството за здравство.

Бројот на заразени се зголеми за 1.204.

Италија е прва западна земја погодена од вирусот и петта во светот со над 70.000 мртви. Вкупно 70.395 луѓе починаа во Италија, што е најмногу во Европа.

Од почетокот на пандемијата во Италија, 1,991 милиони луѓе се заразени.