Италија го продолжи карантинот до 3. мај, клубовите ќе продолжат со тренинзи на 27. април

Италијанскиот фудбал се поизвесено ќе продолжи кон средината на следниот месец, се последните најави од Апенините.

10

Италијанската влада, сосема очекувано, денеска го продолжи карантинот на целата држава се до 3. мај. По овој датум се очекува намалување на рестриктивните мерки и враќање на животот во нормала.

Во таа насока се огласи и Италијанскиот олимписки комитет кој најави дека тренинзите на сите спортски колективи во земјата се очекува да продолжат од 27. април. И клубовите од Серија А очекуваат враќање на тренажниот процес од 27. април, па по две недели од тој датум и официјално да продолжи и натпреварувањето во сите фудбалски лиги.

Италија е најпогодената земја од пандемијата на коронавирусот во Европа, но последните денови ситуацијата се повеќе се смирува што дава можност за брзо враќање и на спортските активности.