Италија прогласи вонредна состојба, кај двајца кинески туристи детектиран коронавирус

9

Италијанската влада денеска прогласи вонредна состојба поради коронавирусот. Пратениците ја донесоа одлуката откако се потврдени првите два случаи на инфекција со коронавирус во Италија.

Премиерот Џузепе Конте синоќа објави дека двајца кинески туристи во посета на Италија биле заразени со опасниот вирус, додавајќи дека владата донела одлука да го прекине воздушниот сообраќај кон и од Кина, пренесува „Ројтерс“.

Италијанската агенција за цивилно воздухопловство (ENAC) денеска објави дека на барање на здравствените власти, сите летови меѓу Кина и Италија се прекинати на неопределено време.