И администрацијата ќе зема К-15

5

Владата ја разгледа и усвои Информацијата и го утврди текстот на Гранскиот колективен договор на органи на државната управа, на стручните служби на Владата, на судовите, јавни обвинителства, казнен-поправни и воспитно-поправни установи, на државното правобранителство, на единиците на локалната самоуправа, агенции, фондови и центри за социјални работи и други органи основани од Собранието.

Притоа го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ.Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи по 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои до сега немаа право, се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите, соопшти Владата.