И Италија воведува здравствен пасош за влез во барови, музеи, кина, базени, спортски сали…

12

Италија од 6 август ќе воведе задолжителен здравствен пасош или пропусница за влез во затворени простории. Пропусницата подразбира доказ за вакцинација против ковид-19, за прележан вирус или негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа.

Без зелен пасош, Италијанците нема да може да влегуваат во затворените делови како што се барови и ресторани, но и кина, театри, музеи, концертни и спортски сали, стадиони …

„Здравствената пропусница е инструмент кој ќе им овозможи на Италијанците да продолжат со своите активности со гаранција дека нема да бидат на исто место со луѓе кои се заразени со коронавирусот“,

изјави премиерот Марио Драги откако синоќа владата ја донесе оваа одлука.
Италијанските медиуми јавуваат дека на владина седница се разговарало оваа мерка да важи и за домашните летови и возови на долги релации, меѓутоа засега таква одлука нема и за ова прашање ќе се дискутира понатаму.

За непочитување на мерката за задолжителна здравствена пропусница предвидени се и казни од 400 до 1 000 евра, и за гостите/посетителите и за правниот субјект. Повторно прекршување на правилото, пак, може да донесе и забрана за работа до десет дена.