И Косово го прогласи Хандке за „персона нон грата“

7

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, на Фејсбук ја соопшти одлуката.

Косово го прогласи за непожелна личност овогодинешниот победник на Нобеловата награда за литература, Петер Хандке.

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, на Фејсбук ја соопшти одлуката.

– Денеска одлучив да го прогласам Петер Хандке како непожелна личност во Косово. Од денеска тој е „персона нон грата“. Негирањето на злосторствата и подршката на криминалците е страшно дело – напиша Пацоли.

Освен Косово, и Кантонот Сараево донесе одлука да го прогласи Хандке како “персона нон грата“, поради негирање на геноцидот во Сребреница.