„И натаму сметаме дека полициски час не е потребен“, кажа Филипче

30

„Денеска имаме состанок на комисијата за заразни болести во 14 часот. Ќе разгледаме некои други мерки. Но, и натаму сметаме дека нема потреба од полициски час“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешното заедничко обраќање со министерката Радмила Шекеринска, на која се заблагодари за помошта со амбулантни возила во овие моменти на пандемија.

Филипче рече дека сегашните мерки ќе дадат резултати и уште еднаш побара да се почитуваат.

„Ние и сега имаме забрана за работа на локалите по 21 часот, потоа забрана за групирање, со што сметам дека мерките ќе дадат резултати во следните недели“, кажа Филипче.

Министерот истакна дека ниту една мерка, не може да даде резултати веднаш.

Филипче одговори и зошто толку многу се чекаат резултатите од заразените, кои во последните денови стигнуваат и после 20 часот навечер.

„Навистина имаме големи бројки и како што стигнуваат извештаите, истите треба време да се одработат за да се дојде до точната бројка“, рече Филипче.