И официјално познат следниот противник и датумот на борбата на Нурмагомедов

7

Дагестанскиот УФЦ фајтер, Хабиб Нурмагомедов повторно ќе го видиме во октагонот на 18 април следната година за кога е закажана неговата следна борба.

Како и што се очекуваше, противник на Нурмагомедов кој ќе бара продолжување на својот перфектен скор ќе биде Тони Фергусон.

Борбата којасо сигурност ќе привлече големо внимание ќе се одржи во Бруклин, Њујорк, а веќе од сега почнуваат „пецкањата“ од двата табори.

Неодамна Фергусон објави фотографија од раскрвавените лица на неговите противници и посочи дека наскоро тука ќе стои и лицето на Нурмагомедов.