И соседите бележат рекорди: Бугарија со 516 инфицирани со ковид-19 во еден ден

23

Растот на новозаболени лица со ковид-19 во еден ден продолжи и во Бугарија каде во изминатото деноноќие се регистрирани 516 случаи, што е за 79 повеќе од претходно.

Најголем број на заболени воп земјата, според интернет страницата на Министерството за здравство, се пријавени во Софија и во Пловдив, пренесува агенцијата ТАСС. Од полседици на коронавирусот се забележани седум починати лица или вкупно 880 од почеток на пандемијата.

На болничко лекување во моментот се наоѓаат 1.063 лица од кои 56 на одделите за интензивна нега.

Бугарија од почетокот на пандемијата на 8 март регистрира вкупно 23.579 заболени со коронавирусот.