Казнети 287 возачи за брзо возење

3

Скопје, 25 ноември – Во рамки на акциската контрола за санкционирање на возачи кои управуваат со возилата со брзина поголема од дозволената, полицијата на територијата на земјава вчера изрече 287 санкции. Од нив пет се за возачи кои управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Како што информираат денеска од МВР, 172 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни пати шта.