Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека во изминатото деноноќие регистирани се 420 прекршувања на мерката за носење на лична заштита на лицето. Казната за прекршување на мерката изнесуав 20 евра или двојно помалку доколку биде платена во рок од 7 дена.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со ковид-19.