Казнети 437 лица за неносење маски

6

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на цела држава, полицијата прекршочно казнила 437 лица за неносење маски.

Со Уредба на Владата, од 23 април годинава во земјава е задолжително носење лична заштита на лицето: маски, марами или шалови надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

За непочитување, предвидени се глоби кои се од 20 евра за физички лица, 500 евра за одговорно лице во фирма до 2 000 евра во денарска противвредност за правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.