Казни за возачите во Софија кои управуваат со возила што го загадуваат воздухот

11

Сообраќајната полиција во Софија почна со проверки на автомобилите и камионите кои го загадуваат воздухот во Софија.

Според експертите 60 отсто од загадувањето на воздухот е поради старите автомобили.

Возачите кои управуваат со неисправни автомобили, што испуштаат штетни гасови над дозволеното ќе бидат казнети.

На сообраќајната полиција и беа доделени пет уреди од Градската општина од кои три ќе се користат за сообраќајните канали, а два ќе се користат за патишта.