Казни за 643 лица за неносење маска, 125 лица потпишале изјави за самоизолација

МВР извести дека од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 21.514 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 643 прекршоци во изминатото деноноќие.

12

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 185 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лицa кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 109 лица.

„Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала“, напиша министерот Чулев на неговиот Facebook профил.