Каква мака има Еди Рама?

34

Зошто Рама никогаш не побарал од неговиот побратим – Вучиќ, договорите со Приштина да се спроведат, додека Косово да се отстрани од Уставот на Србија?

Од Емин АЗЕМИ

Најозборувана личност на се националната политика, деновиве, произлегува дека е премиерот на Република Албанија, Еди Рама. Прв пат е што во Косово е постигнат консензус речиси плебисцитарен околу него, но тоа не му расипува многу нештата ,затоа што тој ќе биде изгласан во Албанија. Се уште не знаеме дали албанските гласачи ќе го казнат Еди Рама за гафовите што ги прави со Косово. Меѓутоа, едно е сигурно – тој ги кренал во воздух сите мостови за соработка и разбирање со политичката елита на Косово.

И во минатото, политичарите на Тирана, кој повеќе или кој помалку, направиле грешки кон Косово. Но, овој пат, Еди Рама, им стави точка (капак) на сите идиотизми и на неговите претходници, појавувајќи се дури и како најглупав политичар што досега го имаше албанската политика.

Игнорирањето што тој му го прави на Косово, заменувајќи ја таа со Србија, сигурно дека нема да помине без цена во неговата политичка кариера, затоа што и во Албанија, според последниве анкети, постои критична маса која го мери кредибилитетот на политиката и врз ставовите што политичарите ги имаат кон косовското прашање.

Тој може да ги прогласува како игноранти неговите колеги во Приштина, но, Еди Рама, заборавил дека косовските политичари нивната кариера ја граделе справувајќи се во време на војна и мир и нивниот став кон Србија е принципиелен, и нема како да не биде поинаку. На Рама можеби не му се допаѓа ваквиот став, но тој не може да го наметне неговата инфериорност како принцип.

Мини-Шенгенот,што ги пушта темелите токму врз внатрешните албански несогласувања, ќе ги прави среќни само оние политичари во Белград кои го негираат масакрот во Речак. Србија со актуелната политика што ја води никогаш нема да го признае новата реалност на Балканот, каде што веќе 11 години Косово е независна држава. Политичката елита во Приштина го отфрли Мини-Шенгенот затоа што Еди Рама, одбивајќи категорично да ги анализира причините на ова одбивање, во суштина се покажа дека е кум на агресивните српски политики кон Косово.

Политичар како Вучиќ кој го негира Речак, е криминалец во обид и секаде во цивилизираниот свет, ваквите криминалци ги лишат од слобода, затоа што можат да го повторат злосторството. Само во Тирана овој криминалец во обид, Еди Рама, го дочекува како херој на балканската демократија. Така излегува дека отсега и понатака и Еди Рама ги негира сите српски злосторства во Косово, затоа што тој мисли дека не учеството на политичарите од Приштина на неговата Мини-Шенген маса, е само политичко прашање.
Не, господин Рама. Ова, преди се,е етичко, морално и, ако сакате и патриотско прашање. Приштинските политичари се сретнале со Вучиќ во различни метрополи ширум светот, но карактерот на тие средби бил од друга природа. Косово преку нејзините легитимни претставници, со посредство на Брисел и со мониторинг од Вашингтон, се трудел да го убедат Вучиќ и неговите претходни телиња дека, после интервенцијата на НАТО и после истерувањето на момчињата насилници на Милошевиќ, е нов сосед на Србија и врз основа на овие напори се постигнати и неколку договори, кои Белград никогаш не ги спроведувал.
Дали знае Рама кои се тие договори и дали му интересирал некогаш зошто тие не се спроведуваат?

Зошто Рама никогаш не побарал од неговиот побратим – Вучиќ, договорите со Приштина да се спроведат, додека Косово да се отстрани од Уставот на Србија?
Зошто тој сака да се покажува по љубезен кон Србите, во времето кога лидерите на Белград не покажаа ниту минимална подготвеност да поради нивниот побратим, Рама, да попуштат малку во косовското прашање?

Секако, каков е тој акмак што се прави дека не го разбира косовскиот дијалект на Рамуш, Хашим и Албин и брза да го фабрикува во неговото лице на полтронско насмевка , пред статуата излезена од политичките подруми на Белград, како што е таа на Вучиќ.
„Ние ја разбираме позицијата на Вучиќ. Тој сака да го изолира Косово. Тоа што не е разбирливо е позицијата на Еди Рама. Зошто го прави тоа? И, зошто го толерираат политичките структури во Албанија тако нешто? “, рече Едвард Џозеф, поранешен член на Меѓународната кризна група.

Еден влијателен Американец кога го поставува ова прашање, тогаш каде треба да го бараме одговорот на овој проблем наречен – Еди Рама. Или овој одговор треба да се побара малку подлабоко во историјата на албанско-југословенските односи, наполнета со комплекси на инфериорност кон Белград, како метропола и кон Србите како не надминливи луѓе со натприродни способности.

Брзањето да се формира можно побргу Мини-Шенген, личи само на маката кога има човек да оди во тоалет, затоа што може да се извалка ако не забрза. Каква мака има Еди Рама што му се брза во неговата политика, да го заврши во голем тоалет на историјата ?!
Затоа што, после сето оваа глупост што го прави Рама, нему не му останува ништо друго, освен да го повлече и признавањето на Република Косово.