Каков е форматот на баражот за СП? Од 12 селекции, само три одат во Катар

6

По вчерашните резултати од квалификациите за СП 2022, Македонија се најде на чекор до пласман во баражот, за да останеме на второто место потребно ни е да го победиме Исланд во недела.

Убедливиот триумф над Ерменија и киксот на Романија против Исланд, не однесоа на второто место во групата на коло до крајот од квалификациите.

Во недела од 18 часот на Арената „Тодор Проески“ го пречекуваме Исланд и со победа ќе се најдеме во баражот за пласман на СП.

Баражот ќе биде составен од 12 репрезентации кои ќе се борат за последните три места на СП. 10 од нив се второпласираните во квалификациите, а две репрезентации се приклучуваат од Лигата на нации (двете најдобро рангирани во ЛН од оние кои не се прво или второ место во квалификациите).

Тие 12 селекции ќе бидат поделени во три групи со по четири репрезентации и практично ќе играат фајнл-фор турнири, полуфинале и финале од по еден натпревар. Трите победници одат на СП.

Домаќин на полуфиналето ќе биде тој кој имал подобар скор во квалификациите, а домаќин за финалето ќе биде одреден со ждрепка.