Како планираат да го организираат? Преку милион луѓе ќе го испратат Марадона

8

Откако вчера почина на 60. годишна возраст, целиот свет тагува за смртта на Марадона, а најтешко им е на луѓето од Аргентина.

Имено, денеска се појави информација дека во текот на денешниот, но и утрешниот ден во Буенос Аирес на испраќањето на Марадона ќе се појават преку милион луѓе.

Нормално, бројката никој не може да ја погоди, но владата проценува дека ќе има повеќе од милион луѓе кои ќе дојдат да ја испратат легендата.

Во зградата на владата ретко се одржуваат масовно испраќање на починати луѓе, а посебен проблем прави коронавирусот.

„Се ќе биде организирано за да не дојде до преголем број на луѓе во една просторија или затворено место.“ – изјави претседателот на Аргентина, Алберо Фернандез.