Калиопи вака му го честита роденденот на Васил Зафирчев (ФОТО)

154

Кога поп-дивата Калиопи Букле и популарниот актер Васил Зафирчев стапија во брак во 2004 година, во јавноста се крена голем прав поради разликата во годините.

За жал, нивната брачна идила заврши по седум години и се разведоа во 2011 година, но иако престанаа да бидат сопружници, никогаш не престанаа да бидат искрени пријатели.

Секој човек има свој пат. Јас сум непоправлив романтичар. Разводот е тежок онолку колку што сте подготвени да поднесете. Моите бивши сопрузи ми се најдобрите пријатели. Веројатно успеавме во тоа, бидејќи сите сме паметни луѓе“, изјави своевремно Калиопи за aska.rs, ставајќи им до знаење на сите дека меѓу неа и Васил нема „зла крв“.