Камерата на Даут и Љума во “Медена земја” најдобра на светските награди за документарци ИДА

65

„Медена земја“ ја освои наградата за најдобра камера на Фејми Даут и Самир Љума на најпрестижните награди за документаци ИДА, што се доделија синоќа во Лос Анџелес. Режисерот Љубомир Стефанов ја прими и наградата „Паре Лоренц“, која на ИДА се доделува „за давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“, а „Медена земја“ е годинашен добитник.

Примајќи ја наградата, Даут рече дека таа е голем поттик за него да продoлжи со работата и признание за 8-годишната соработка со Стефанов.

На Интернационалните документарни награди ИДА „Медена земја“ имаше имае три номинации: за најдобар филм, за режија и за камера, а сирискиот „За Сама“ го победи македонскиот филм по вторпат во една вечер – освои ИДА за најдобар филм и европски оскар за најдобар документарец неколку часа претходно во Берлин. „За Сама“ го следи животот на Сиријката Ваад ал-Катеаб, една од режисерите на филмот, за време на петгодишната војна во Алеп, кога ја добила ќерката Сама.