Камерите го снимија најголемиот грабеж во историјата (ВИДЕО)

8

Крадците упаднаа во Зелениот трезор – популарен музеј во Дрезден и на спектакуларен начин украдоа три збирки на накит со непроценлива вредноста, изработени во 18-тиот век од дијаманти, рубини и смарагди.

Како што пренесуваат германските медиуми, се проценува дека украдената колекција на накит чини околу милијарда евра.

Надзорните камери ги снимија двајцата професионалци како влегуваат во Зелениот трезор со батериски ламби.

Тие пред грабежот ја запалиле разводната кутија, па музејот останал без електрична енергија. Потоа ги скршиле стаклените витрини и со себе однеле се што можеле да понесат. Иако на снимките се гледаат само двајца криминалци, сепак се претпоставува дека станува збор за многу поголема група.

Чуварите во 4:59 часот ја известиле полицијата која пристигнала пред музејот само шест минути подоцна. Сепак, крадците веќе побегнале со богатиот плен, најверојатно со возило марка Ауди А6.