Камчева: Се плашев од Јовче Ременски, затоа средбите со Горан беа надвор од УБК

116

На мое барање средбите со директорот на УБК, Горан Николовски. не се случуваа во УБК затоа што таму работи Јовче сопругот на Фросина Ременски, од кого се плашев. На мое барање средбите беа надвор, а станува збор за две средби, рече сведокот Ана Камчева на денешното сослушување.

Николовски ја упатил Камчева да ѝ се обрати на обвинителката Вилма Русковска.

Бојан Јовановски боки 13 ја праша Камчева што зборувале на средбите, на што Камчева рече дека не се сеќава на разговорите освен на елементите кои што се од кривично правен аспект важни за случајот.

– Дали се сеќавате на вечерите во вашата велелепна палата – праша Боки 13, што предизвика смеење во судницата, а судијката му кажа да го преформулира прашањето.

Боки побара судот да му извини за начинот на кој ги поставува прашањата затоа што бил под терапија, но додаде дека не е важно како ги поставува прашањата, туку важна е суштината на проблемот.

Судијката му рече на Боки да не поставува рекла-кажала прашања откако тој ја праша Камчева зошто го терале да води негативна кампања против Наташа Савова. На тоа Боки рече дека и случајот „Рекет“ е рекла-кажала и се пожали дека судијката не му дозволува да поставува прашања па ако сака може и да го осуди за да не ги малтретираат другите. По ова Боки доби опомена да се однесува пристојно и да не дава квалификации кога прашува.

– Тоа е измислено во вашата глава – ѝ рече Јовановски на Русковски која не дозволи да постави прашање дали добивал подароци од Камчеви.

Русковска рече дека е јасно дека добил подарок и тоа 1,5 милиони евра и нема потреба сведокот пак да одговара. На тоа Боки се сврте кон Русковска и гестикулирајќи ѝ рече дека тоа е измислено во нејзината глава.

– Сашо Мијалков беше притворен откако ни кажа ти – му одговори Камчева на Боки откако тој ја праша да наведе за кои лица тој откривал важни информации и за притвори на други.