Камчев: На обвинителна клупа треба да се и Катица Јанева и нејзиниот син

8

Орце Камчев и Боки 13 повторно очи в очи во судница. Бизнисменот го донесоа од Шутка, шоуменот од куќен притвор. Камчев сведочи по вторат во корист на обвинителството, против Боки. Првиот пат во „Рекет“ сега во случајот за малверзации преку „Меѓународен сојуз“. Камчев прво рече дека не сака да сведочи, но откако барањето му беше одбиено, посочи дека на обвинителната клупа фалат Катица Јанева и син и Лазар, оти на проектите кој му ги нудел Боки, стоел потписот на Лазар Јанев. Боки 13 дури му ветувал и 20 проценти субвенција од државата за проектот старечки домови, а му покажал и фотографии со премиерот Зоран Заев. Камчев смета дека власта била изманипулирана од Бојан Јовановски, а откако не прифатил да ги спонзорира неговите идеи, започнала тортурата против него.

„Додека купував време за слобода и да те „скинем с такво“ ти платив 150 илјади евра за реклами на твојата телевизија. Седиштето на „Меѓународниот сојуз“ беше некаде над британска амбасада и знам дека доаѓаа бизнисмени со торби полни со пари. Бојан успеа од цел град да направи мајмуни. Никогаш не поверував во проектот Меѓународен сојуз“, вели Камчев.

Адвокатот на Боки 13, посочи дека Камчев бил непотребен сведок во овој случај. Обвинителството воопшто не го сослушал како сведок за овој предмет кога се подготвувале обвинението.

„Како капа на се, ви кажува сведокот дека не е кредибилен. Неколку пати сам ви кажува дека не е креди билен и вие со неверојатна упорност се обидувате повторно да го сослушувате“, рече Сашко Дуковски, адвокат на Боки 13.

Пред Камчев, сведочеше Агапи Дика која била претседател на Собранието на Меѓународен сојуз. Посочи дека потпишувала договори со фирми без да ја знае содржината и верувала во проектите на Боки 13 како што верувале и бизнисмени. Дика и Бојан биле на средби со Зоран Заев и Оливер Спасовски. Следното рочиште е идната недела а треба да сведочи пензионерката од Скопје на чија сметка легнаа над 700 илјади евра од бизнисменот Силјан Мицевски за изградба на старски домови – која се јавува како координатор и автор на проектот.