Канада ги затвори границите поради коронавирусот

7

Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека Канада ги затвора границите за секој што не е американски или канадски државјанин или нема постојан престој во Канада и ги повика сите граѓани да останат дома поради коронавирусот. Трудо е во изолација откако неговата сопруга Софи Трудо беше позитивно тестирана на новиот вид вирус.

Трудо рече дека владата донела одлука да ги затвори границите врз основа на препораките на научниците и лекарите. Вирусна инфекција е потврдена во Канада кај 376 лица, од кои четворица починале.