Канал 5 дознава, МВР потврди: Гордана Јанкуловска е спроведена во затворот Идризово

76

По пресудата на Врховниот суд , надлежниот судија издал налог за нејзино спроведување во затворот Идризово.

Пред десет дена преку писмено соопштение Врховниот суд информира дека се донесени одлуки според кои се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски во предметот „Тенк“ и ја потврдиле правосилната пресуда за предметот донесена од страна на Апелацискиот суд.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во октомври 2018 е осудена на шест години затвор од страна на судот во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот Мерцедес.